• недела, 22 декември 2024

Снајдер се враќа на терените

Снајдер се враќа на терените
Утрехт, 4 јули 2020 (МИА)- Поранешниот холандски репрезентативец Весли Снајдер е подготвен да ги следи стапките на неговиот поранешен соиграч Арјен Робен и да ја продолжи кариерата. Снајдер доби понуда од Утрехт и сè уште ја разгледува. Триесет и шест-годишниот играч од средниот ред се откажа од фудбалот во август 2019 година, неговиот последен клуб беше катарскиот Ал-Гарафа. Тој претходно играше за Ајакс, Реал Мадрид, Интер, Галатасарај и Ница. Снајдер стана шампион на Холандија, Шпанија, Италија и Турција. Најсилни години му беа со тимот на Интер, со кој, покрај титулата, во 2009 година освои два национални купа, еден супер куп, Лигата на шампионите и Светското клупско првенство. Тој има 134 натпревари и 30 голови за репрезентацијата на својата земја. Со „лалињата“ стигна до финалето на СП во 2010 и 2014 година. Снајдер е роден во Утрехт, но никогаш не играше за тимот од родниот град. Пред една недела, Арјен Робен, кој исто така се повлече во 2019 година, потпиша со Гронинген - клубот каде ја започна кариерата.

Тагови

Остани поврзан