• четврток, 04 јули 2024

Словенија ги тргна Хрватска, Франција и Чешка од групата епидемиолошки безбедни држави

Словенија ги тргна Хрватска, Франција и Чешка од групата епидемиолошки безбедни држави
  Љубљана, 2 јули 2020 (МИА) – Словенија одлучи да ги тргне Хрватска, Франција и Чешка од таканаречената „зелена листа“ на држави кои се епидемиолошки безбедни, јави дописникот на МИА од Љубљана. Ова го објави портпаролот на Владата Јелко Кацин, а по ваквата одлука граѓаните на тие три земји ќе мораат да бидат во 14 дневна самоизолација доколку влезат во Словенија. Причината за ваквиот чекор е зголемувањето на случаите на Ковид-19 во овие држави. - Мораме да биде подготвени на многу потешко сценарио поради ширењето на коронавирусот и затоа владата процени дека е потребно заострување на мерките. Вирусот е присутен и затоа се соочуваме со големи проблеми, изјави Кацин. Ваквата одлука на словенечката Влада највеќе ќе влијае врз граѓаните на Хрватска кои секојдневно патуваат во соседна Словенија. ав/

Остани поврзан