• петок, 20 декември 2024

Словенечките НВО бараат да се спречи враќањето на илегалните мигранти во Хрватска

Словенечките НВО бараат да се спречи враќањето на илегалните мигранти во Хрватска
Љубљана, 24 јануари 2020 (МИА) - Словенечките невладини организации побараа од својата Влада да го откаже договорот со Хрватска за враќање на илегалните мигранти, повикувајќи се на извештаи за наводен нехуман третман од страна на хрватската полиција. Претставници на Амнести Интернешнал Словенија (АИС), Правни информации (ПИЦ) и Работната група за азил денеска одржаа заедничка прес-конференција на која повторно се осврнаа на нехуманите услови во бегалските кампови во БиХ, на незаконското постапување од страна на словенечката полиција која ги враќа мигрантите кон Република Хрватска и на грубите постапки на хрватската полиција кон барателите на азил, јави словенечката новинска агенција СТА. - На тој начин се создава „една од најголемите хуманитарни кризи во Европа“, за која придонесува и Словенија, бидејќи мигрантите кои се наоѓаат на нејзина територија, „масовно“ ги депортира во Хрватска, притоа без да им издаде писмено решение, ниту можност за жалба, наведуваат словенечките невладини организации. Словенечкиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар на почетокот на неделата истакна дека Словенија минатата година успешно вратила 16.000 илегални мигранти во Хрватска и дека трендот на нелегално влегување е во пораст последните четири години, а се очекува да продолжи и во наредните години. гт/

Остани поврзан