• недела, 24 ноември 2024

Словенецот Погачар по втор пат победник на Тур де Франс

Словенецот Погачар по втор пат победник на Тур де Франс
Париз, 18 јули 2021 (МИА) – Словенецот Тадеј Погачар по втор пат е убедлив победник на Тур де Франс, по денешната за него формална етапа на Елисејските полиња, јави дописникот на МИА. Во финалниот пласман Погачар ги победи Данецот Јонас Вингегард и Еквадорецот Ричард Карапаз, кои за првпат се најдоа на подиумот. Разликата меѓу првите двајца, е над на пет минути, и досега е најголема од 2014 година. Словенечкиот велосипедист на својата држава и го донесе вториот трофеј во 108 изданија на престижниот Тур де Франс. тг/зс/

Остани поврзан