• понеделник, 23 декември 2024

Слободни 8 729 работни места во првиот квартал

Слободни 8 729 работни места во првиот квартал
Скопје, 1 јуни 2022 (МИА) - Во првиот квартал годинава стапката на слободни работни места изнесува 1.75  проценти. Од вкупно 8 729 слободни работни места, најголем број 2 712, се во петтата група занимања - Работници во услужни дејности и продажба, објави денеска Државниот завод за статистика. Слободни биле и 1 462 работни места од групата Техничари и сродни занимања, по што следат 1 379 од групата Ракувачи и составувачи на машини и постројки, 919 Службеници,  698 - Стручњаци и научници, 686 - Елементарни занимања, 622 - Занимања за неиндустриски начин на работа во производството, 214 - Стручни работници во земјоделството, шумарството, рибарството и ловот,  како и 37 од групата Членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори. Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2022 година, највисока стапка на слободни работни места од 4.18  проценти има секторот З - Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, а најмала е стапката во секторот Г - Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.25  проценти. Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места од 2.45  проценти Со највисока стапка на слободни работни места од 2,25 проценти е Вардарскиот регион.лв/са/

Остани поврзан