• среда, 10 јули 2024

Скалони предложи да се покани европска репрезентација на Копа Америка, а јужноамериканска да игра на Евро

Скалони предложи да се покани европска репрезентација на Копа Америка, а јужноамериканска да игра на Евро

Њујорк, 9 јули 2024 (МИА) – Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони предложи да се покани европска репрезентација на Купот на Америка.

- Би сакал европска селекција да биде повикана на Купот на Америка за да може да доживее каков е. А исто така и обратно – испратете јужноамериканска репрезентација на еврото, изјави Скалони.

Аргентинскиот национален тим е актуелен победник на фудбалскиот Куп на Америка и Светското првенство.

Вечер во Ист Радерфорд (САД) во 2 часот по полноќ Аргентина ќе се соочи со Канада во полуфиналето на Копа Америка 2024. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан