• четврток, 27 јуни 2024

Сиљановска Давкова ги врачи наградите за најуспешните на годинашното издание на „Охрид трчаТ“

Сиљановска Давкова ги врачи наградите за најуспешните на годинашното издание на „Охрид трчаТ“

Скопје, 2 јуни 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска, во Охрид, ги врачи наградите за најдобро пласираните учесници на осмото издание на атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“.

Милјана Ристиќ и Дарио Ивановски од Македонија, во женска и во машка конкуренција, се првопласирани на главната трка на 21 километар, а Мирослав Спасов од Бугарија го освои првото место на трката на пет километри. 

- Претседателката изрази задоволство од високиот потенцијал и посветеност на годинашните натпреварувачи, коишто несомнено ќе придонесат за нивните идни значајни маратонски подвизи. Особена благодарност упати и до организаторите на годинашниот Охрид трчаТ“, за успешно реализираниот атлетски викенд, со рекордни 2200 учесници од 31 земја, соопштуваат од кабинетот на Сиљановска Давкова. ир/вј

 

Фото: Кабинет на претседател на државата

Остани поврзан