• среда, 04 февруари 2026

Сиљановска-Давкова: Зимската школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура е жива академска дебата за македонскиот јазик како темел на идентитетот

Сиљановска-Давкова: Зимската школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура е жива академска дебата за македонскиот јазик како темел на идентитетот

Скопје, 26 јануари 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова преку видеопорака се обрати на свеченото отворање на шестата Зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што се одржува под нејзино покровителство, соопштија од нејзиниот кабинет.

Оценувајќи ја како значаен настан што ја продолжува долгата научна и културна традиција на македонистиката, Сиљановска-Давкова посочила дека Зимската школа е жива академска дебата за македонскиот јазик како темел на идентитетот, меморијата и културната самосвест.

Според неа, во ера на забрзани промени, во која јазиците се соочуваат со нови предизвици, македонскиот јазик мора да биде функционален и видлив во дигиталниот свет и да остане жив за идните генерации, дома и во дијаспората.

За неа, Зимската школа како дел од тој процес е влог и инвестиција во иднината на македонскиот јазик, но и во иднината на македонистиката како светска научна мрежа.

Како успешен пример на образовна и научна дипломатија, како што вели, оваа Школа придонесува за меѓунационалниот дијалог и меѓусебното идентитетско разбирање и признавање во време на глобални предизвици. сст/вг/

Фото принсктин

 

 

 

 

Остани поврзан