• недела, 12 јануари 2025

Сириската армија се повлече од градот Хама откако бунтовниците ги пробија линиите на одбрана

Сириската армија се повлече од градот Хама откако бунтовниците ги пробија линиите на одбрана

Дамаск, 5 декември 2024 (МИА) - Сириската армија денеска соопшти дека бунтовничките сили влегле во градот Хама по интензивни борби, што ги принудило владините сили да се прегрупираат надвор од градот „за да ги заштитат животите на цивилите и да избегнат борби во урбана средина.

Бунтовничкиот лидер Хасан Абдул Гани на социјалната мрежа „Икс“ изјави дека стотици затвореници биле ослободени од централниот затвор во Хама.

Водачот на исламистичката бунтовничка група Хајат Тахрир ал-Шам го повика ирачкиот премиер да не дозволи ирачката група Хашд ал-Шааби, поддржана од Иран, да интервенира во конфликтот во Сирија, предупредувајќи дека тоа ќе ги зголеми тензиите во регионот. ссм/

фото: архива

Остани поврзан