• четврток, 04 јули 2024

Сирени во Багдад: Ракети ја погодија Зелената зона

Сирени во Багдад: Ракети ја погодија Зелената зона
Багдад, 5 март 2020 (МИА) - Две ракети ја погодија Зелената зона во Багдад, поради што се активирале сирени за тревога во американската амбасада во ирачкиот главен град, објавија западните медиуми. Очевидци тврдат дека виделе чад и слушнале експлозии. Една од ракетите, наводно, паднала во близина на турската амбасада. Овој строго обезбедуван дел од градот често е мета на ракетни напади во последните неколку месеци, но ретко има жртви. гт/

Остани поврзан