• понеделник, 23 декември 2024

Синот на Платини под истрага за корупција

Синот на Платини под истрага за корупција
Париз, 20 декември 2020 (МИА) – Според интернет порталот „Медиапарт“ за синот на Мишел Платини е иницирана истрага за корупција во 2011 година од страна на катарската компанија „Бурда Спорт“. Истрагата на француското обвинителство се однесува за поткуп во врска со контроверзното доделување на Светското првенство на ФИФА во 2022 година на Катар. „Медиапарт“ објави информации дека Лоран Платини, синот на Мишел Платини, бил во центарот на аранжманот во врска со доделувањето на Светското првенство во Катар. Кон крајот на 2011 година, Лоран Платини беше регрутиран како привремен генерален директор од компанијата „Бурда Спорт“, снабдувач на спортска опрема на емиратот, подружница на фондот „Катар Спорт Инвестиции“, кој потоа го купи ПСЖ. Презентирани се документи запленети од истражните органи на кои се гледа висината на идната плата што Катар ќе треба да му ја исплати на Лоран Платини – (150.000 € да се провери !!)“, стои во белешката. Според „Медиапарт“,, „белешката покажува, всушност, дека ангажирањето на Лоран Платини и висината на неговата плата биле составен дел од преговорите за стекнување на клубот, на ист начин како и распределбата на капиталот (70% / 30%). Опкружувањето на Мишел Платини за Ле Монд ги отфрли ваквите обвинувања. Тој потврдува дека Мишел не барал ништо за Лоран, исто како што не интервенирал во процесот на вработување на неговиот син, ниту учествувал во дискусиите во врска со неговото вработување. тг/зс/

Остани поврзан