Синот на Мадуро учествува во клиничките тестирања на руската вакцина
- Синот на претседателот на Венецуела Николас Мадуро и неговата постара сестра се согласиле да учествуваат во клиничките тестирања на руската вакцина Спутник V против Ковид-19.
Каракас, 5 октомври 2020 (МИА) - Синот на претседателот на Венецуела Николас Мадуро и неговата постара сестра се согласиле да учествуваат во клиничките тестирања на руската вакцина Спутник V против Ковид-19.
- Мојот син Николас Мадуро Гере ми рече дека одлучил да ја прими руската вакцина и ќе учествува во клиничките испитувања. Мислам дека тоа е прекрасно, истакна венецуелскиот претседател, додавајќи дека и неговата постара сестра Марија Тереза Мадуро, исто така, ќе ја прими руската вакцина во рамки на клиничките тестирања.
Тој нагласи дека штом ќе почне масовната вакцинација, ќе биде меѓу првите кои ќе се имунизира, оценувајќи дека „руската вакцина ќе биде спас за човештвото“.
Според официјалните информации, првото количество од руската вакцина пристигна минатиот петок во Венецуела, а вкупно околу 2.000 луѓе се пријавиле да учествуваат во клиничките испитувања. гт/