Синер најверојатно без настап на Мастерсот во Париз
- Италијанскиот тенисер Јаник Синер најверојатно нема да настапи на Мастерсот во Париз, како и на завршницата од Дејвис купот
Рим, 14.октомври 2025 (МИА) – Италијанскиот тенисер Јаник Синер најверојатно нема да настапи на Мастерсот во Париз, како и на завршницата од Дејвис купот. На ваков чекор Синер се подготвува откако ги загуби шансите на крајот на годината да биде број 1. По поразот од Талон Грикспор од Холандија на Мастерсот приоритет за Синер е целосно заздравување.
Веста ја пренесуваат италијанските медиуми, кои очекуваат Синер да игра на турнирот во Виена, како и завршниот Мастерс во Лондон.
Ваквиот расплет на сезоната значи дека италијанскиот тенисер годината ќе ја заврши без освоен Мастерс, со две Грен слем титули, како и три месечна пауза поради допинг. мн/
Фото: ЕПА