• вторник, 05 ноември 2024

Симон Бајлс: Не завршив со спортот, но не треба да објаснувам зошто го ставам здравјето на прво место

Симон Бајлс: Не завршив со спортот, но не треба да објаснувам зошто го ставам здравјето на прво место
Токио, 2 август 2021 (МИА) - Американската гимнастичарка Симон Бајлс рече дека не ги напуштила тренинзите засекогаш и покрај тоа што се повлече од повеќето натпревари на Олимпијадата во Токио. - За оние што велат дека завршив. Не сум завршила. Едноставно, мојот ум и тело не се синхронизирани. Мислам дека не разбирате колку е опасно ова во време на жестока конкуренција. И не треба да објаснувам зошто го ставам здравјето на прво место. Физичкото здравје е поврзано со менталното здравје. Проблемите одеднаш започнаа по квалификациите, веќе следното утро. Ги искусив овие чувства и порано. Не е забавно, напиша Бајлс на социјалните мрежи. Четирикратната олимписка шампионка и една од најдобрите гимнастичарки во светот, ги изненади сите на Олимписките игри со одлуката да се повлече од финалињата и во екипна и во индивидуална конкуренција. Американката важеше за најголема фаворитка за златен медал и беше голем адут на САД во спортска гимнастика. зс/

Остани поврзан