• недела, 22 декември 2024

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Силен земјотрес ги погоди Филипините
Манила, 20 февруари 2022 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска филипинскиот остров Минданао, соопшти германскиот Истражувачки центар за геолошки науки (ГФЗ). Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 10 километри. Минданао е вториот по големина остров на Филипините, и воедно најјужниот и најисточниот поголем остров на тој архипелаг. гт/

Остани поврзан