Силекс дојде до нова победа и ја продлабочи кризата на Пелистер
- Екипата на Силекс постигна победа од 3:1 против Пелистер во единствениот денешен натпревар од 10.коло од Првата лига
Кратово, 26.октомври 2025 (МИА) – Екипата на Силекс постигна победа од 3:1 во единствениот денешен натпревар од 10.коло од Првата лига. Кратовчани со оваа победа се пробија на третата позиција на табелата со ист број бодови (21) со Вардар и Шкендија. Пелистер со денешниот пораз ја продлабочи кризата и на последните седум натпревари нема победа и има освоено само еден бод.
Силекс поведе со двата гола на Дарко Додев во 19.минута и 54.минута, а Пелистер намали на 2:1 со погодокот на Стефан Спировски. Конечните 3:1 ги постави резервистот Миљан Говедарица во 87.минута.
Последниот натпревар од 10.коло се игра утре и воедно е дербито меѓу Шкендија Тетово и Вардар. мн/
Фото: ФФМ