• понеделник, 23 декември 2024

СЗО: Ковид-19 го наруши давањето здравствени услуги во над 100 земји во светот

СЗО: Ковид-19 го наруши давањето здравствени услуги во над 100 земји во светот
Женева, 7 февруари 2022 (МИА) - Нарушувања во обезбедувањето на основните здравствени услуги, на пример програмите за вакцинација или третмани за болестите, како СИДА, се пријавени во 92 отсто од 129 земји во светот, покажува најновото истражување на Светската здравствена организација (СЗО) објавено денеска. Истражувањето, спроведено во ноември и декември 2021 година, покажува дека здравствените услуги се „сериозно погодени“ и дека е постигнат „мал или никаков напредок“ во споредба со истражувањето од почетокот на 2021 година, се наведува во соопштението на СЗО. „Резултатите од ова истражување ја нагласуваат важноста од итна акција за справување со главните предизвици на здравствениот систем, враќање на услугите и ублажување на влијанието на пандемијата на Ковид-19“, соопшти СЗО. Службата за брза помош е влошена во однос на претходното истражување. Нарушувања во обезбедувањето итна помош пријавиле 36 отсто од земјите, што претставува зголемување од 29 отсто на почетокот на 2021 година илу 21 отсто во првото истражување во 2020 година. Нудењето незадолжителни операции, како што се замена на колк и колено, е нарушено во 59 проценти од земјите, а недостатоци во рехабилитација и палијативната нега се пријавени во приближно половина од земјите. сд/

Остани поврзан