• вторник, 05 ноември 2024

Се формира нов зелен коридор на булеварот „Партизански одреди“ во општина Ѓорче Петров

Се формира нов зелен коридор на булеварот „Партизански одреди“ во општина Ѓорче Петров
Скопје, 17 август 2022 (МИА) - Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве започнаа со хортикултурно уредување на нова зелена површина на булеварот „Партизански одреди“ во општина Ѓорче Петров, информираат од Град Скопје. -На неуредената јавна површина на овој потег се реализираат активности за формирање нов зелен коридор на вкупна површина од 500-тини квадратни метри. Во текот на активностите на оваа локација ќе се изврши прекопување на површинскиот слој на земја, рамнење на површината и нанесување на нова квалитетна почва. На површината се поставува систем за полевање, а ќе се формира и тревник по што планирано е засадување садници, веднаш штом се создадат поволни временски услови, соопштуваат од скопската локална самоуправа. Оттаму истакнуваат дека Градот Скопје, заедно со ЈП „Паркови и зеленило“, продолжува со активности за уредување на нови зелени површини и формирање на зелени коридори низ населените места во Скопје.ир/са/

Остани поврзан