• петок, 22 ноември 2024

Се урна хеликоптер во близина на грчкиот остров Самос – спасен најмалку еден член на екипажот (ДПЛ)

Се урна хеликоптер во близина на грчкиот остров Самос – спасен најмалку еден член на екипажот (ДПЛ)
Атина, 13 јули 2022 (МИА) – Хеликоптер со четиричлен екипаж, кој учествувал во гаснење на пожарот на грчкиот остров Самос, попладнево се урна во море, а спасено е едно лице, јави дописничката на МИА од Атина.  Од противпожарната служба на Грција соопштија дека станува збор за хеликоптер од типот ER-MHY (Mi-8 MTV-1) кои тие го изнајмиле да помага во пожарот, а од членовите на екипажот тројца се странски државјани и еден Грк. Тие додаваат дека во спасувачката акција, што е во тек, спасен е еден член на екипажот. Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека е спасено уште едно лица, односно вкупно двајца од четворицата членови на екипажот. Според грчката телевизија ЕРТ, хеликоптерот паднал од мала височина, односно кусо откако наполнил вода од морето и во моментите кога почнал да се оддалечува од површината. ср/паг/

Остани поврзан