• среда, 25 декември 2024

Се санира оштетениот плочник на улица „Македонија“

Се санира оштетениот плочник на улица „Македонија“
Скопје, 28 октомври 2022 (МИА) - Екипите на ЈП „Улици и патишта“ - Скопје по налог на Град Скопје деновиве интензивно работат на санација на плочникот на улица „Македонија“ на потегот од крстосницата со улица „Димитрие Чуповски“ до крстосницата со улица „Даме Груев“ во центарот на градот. Како што информираат од Град Скопје, на овој потег на улицата „Македонија“ се врши отстранување на оштетените и пропаднати плочи, рамнење на подлогата и повторно враќање и подредување на плочите. -Во текот на вчерашниот ден екипите го санираа просторот околу споменикот на „Цар Самоил“, а денеска продолжуваат со санација на останатата оштетена површина од улицата, со цел безбедно движење на пешаците во центарот на градот, прецизираат од Град Скопје.вј/лв/

Остани поврзан