• недела, 06 октомври 2024

Се расчистува коритото на реката Сушица во Охрид

Се расчистува коритото на реката Сушица во Охрид
Охрид, 14 август 2021 (МИА) – Општина Охрид започна со активности за чистење на речното корито на реката „Сушица“ долж улицата „Прилепска“, на потегот од крстосницата со улица „Радојца Новичиќ“ до крстoсницата со улица „Будва“. Со помош на механизација се врши чистење на дивата и обрасната вегетација и се прави ископ на натрупани наноси од земја. Активностите се во рамки на годишната Програма за уредување на градежно земјиште на Општина Охрид, во делот за чистење и одржување на реки, речни корита и канали. Според планираното, во текот на наредниот период, ќе се врши чистење и на останатите речни корита на територија на општината. аб/свс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан