• понеделник, 23 декември 2024

Се оградуваат контејнерите на централните улици во Кичево

Се оградуваат контејнерите на централните улици во Кичево
Кичево, 21 април 2021 (МИА) - Од пред една седмица започна оградување со арматурна мрежа на контејнерите на најфреквентните улици во Кичево и во делови на градот каде концентрацијата на население е најголема. Директорот на ЈКП „Комуналец“ Зенел Јонузи потсети, дека со оваа акција ќе бидат опфатени контејнерите во централното градско подрачје и во делови од населбите каде бројноста на населението е најголема. Смета дека овој зафат ќе помогне да се подобри хигиената околу контејнерите што најчесто не беше случај, дали поради неодговорниот однос на граѓаните или проблемот што го создаваат кучињата скитници. -За да го спречиме досегашното дивеење на кучињата скитници, кои од контејнерите редовно ги извлекуваа полните кеси со секаков вид на отпад и ги растураа на многу поголема површина од самиот контејнер, што од една страна создаваа грда слика, а од друга страна во топлото време  беше можно  и ширење на зараза од содржините во најлон кесите, вели Јонузи. Тој додава дека со поставувањето на оградата кучињата нема да можат да имаат директен контакт со контејнерите. -Исто така оградувањето на контејнерите ќе помогне неодговорните граѓани помалку да одлагаат градежен шут, кабест отпад и секаков вид на ѓубре во контејнерите и истото ќе можат да го чинат единствено надвор од оградата, вели Јонузи. Тој појасни дека и корпите поставени за ситен комунален отпад, кои на многу места беа извадени и фрлени на улица или подалеку од местото каде се монтирани, во поголем дел се вратени на истата локација да ја вршат истата функција. Јонузи, исто така, изрази надеж дека конечно треба да проработи свеста кај граѓаните дека овие корпи се поставени за нивно добро и за подобра хигиена на целиот град. за/аа/

Остани поврзан