• понеделник, 23 декември 2024

Се излеа езерото Комо

Се излеа езерото Комо
Рим, 5 август 2021 (МИА) - Нивото на водата во езерото Комо се зголеми за 20 сантиметри поради дводневните обилни дождови и поплави неколку улици во истоимениот италијански град. Спасувачките тимови добиле десетици повици за справување со последиците од поплавата. Во Ломбардија обилните дождови предизвикаа излевање на реките Севесо и Лура, при што не е приченета сериозна материјална штета. Минатата недела во реонот на Комо силниот ветер собори дрвја, а дождовите предизвикаа лизгање на земјиштето. Италијанскиот весник Република објави дека американскиот актер Џорџ Клуни, кој има вила на езерото Комо, ќе почне кампања за собирање средства за поддршка на жителите од погодените области. ми/

Остани поврзан