• сабота, 16 ноември 2024

Се зголемува бројот на демонстранти пред српското Собрание

Се зголемува бројот на демонстранти пред српското Собрание
Белград, 7 јули 2020 (МИА) - Поголема група студенти тргнаа од Студентски град во Нов Белград кон центарот со цел да ги поддржат граѓаните кои протестираат пред Собранието. Со свирежи и извици, студентите се упатија кон центарот на градот за да им се придружат на собраните, јавија белградски медиуми. Во меѓувреме, полицијата уште еднаш фрли солзавец кон демонстрантите кои се на скалите пред влезот на Собранието. Српските медиуми јавуваат дека бројот на демонстранти постојано се зголемува. јт/зш/

Остани поврзан