Се затвораат сите гранични премини и Меѓународниот аеродром - Скопје
- Владата вечерва одлучи да се затворат сите гранични премини во Република Северна Македонија, за премин на странски државјани, патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила за пр
Скопје, 16 март 2020 (МИА) - Владата вечерва одлучи да се затворат сите гранични премини во Република Северна Македонија, за премин на странски државјани, патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила за претставниците на димпломатскиот кор во државава, како и за други лица за кои МВР ќе даде дозвола по претходно мислење од Главниот координативен кризен штаб кој ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес.
Ова вечерва на прес-конференција го соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
- Овие товарни возила и лица ќе влезат во Република Северна Македонија според посебни услови за заштита согласно протоколот на МЗ, рече Филипче во Владата.
Се затвора и Меѓународниот аеродром во Скопје, Граничниот премин, освен за државни, воено, карго и медицински хуманитарни и празни летови по истекот на 48 часа од денот на влегување во сила на оваа одлука.
Филипче рече дека се потенцирало и повторило МВР да постапува поинтензивно во однос на проверките и решенијата за одлуките за самоизлација и за тоа да го информира Главниот шатб во Владата и самата Влада. мд/вј/