• петок, 22 ноември 2024

Се е подготвено за еко-акцијата „Со срце за Голак“

Се е подготвено за еко-акцијата „Со срце за Голак“
Делчево, 10 април 2021 (МИА) - Се е подготвено за еко-aкцијата „Со срце за Голак“. Активистот Борче Димитровски информира дека во рамки на акцијата ќе се чистат делови на планината Голак кои се најпосетени од домашните туристи.
-По неколку неделни одложувања поради лошото време, утре - 11 април, на планината Голак ќе ја реализираме акцијата „Со срце за Голак“. Целта е да видиме и таму со какви проблеми се соочува природата и да ги мапираме така наречените диви депонии, за да изнајдеме начин како понатаму да ги исчистиме и целиот отпад да го однесеме на соодветното место, истакна Димитровски.
Зборното место на активистите кои ќе решат да им се придружат на еко-активистите е пред паркингот на Спомен дом АСНОМ.
-Почетокот на акцијата е закажан за 8 часот, оттаму планираме со почитување на мрките за заштита од Ковид-19 да формираме групи кои ќе бидат распределни на локациите за чистење. Апелираме кој сака да се приклучи на оваа еко акција, за да се остави пораката дека расфрланото ѓубре никому не му оди во прилог, додаде Димитровски.
Претхдоно слични акции еко-активистите реализираа на потегот покрај Кејот на река Брегалница во Делчево и кај манастирскиот комплекс „Балаклија“. вс/сст/

Остани поврзан