• понеделник, 23 декември 2024

Се ближи крајот на владеењето на Бартомеу

Се ближи крајот на владеењето на Бартомеу
Барселона, 6 октомври 2020 (МИА) - Со секој изминат ден, претседателот на Барселона, Пеп Марија Бартомеу се приближува кон предвременото завршување на неговиот мандат. Започната постапка за свикување предвремени избори скоро сигурно ќе даде резултати, бидејќи 94% од потребните 16.520 гласови на официјалните членови на клубот „сосиос“ се веќе потврдени. На 17 септември беа дадени 20.687 гласови, потребни се 16.520 Веќе неколку дена, специјална комисија испитува дали секој глас е вистински. Од денес напладне, потврдени се 15.557 гласови од 16.371. Остануваат да се проверат уште околу 4.300, од ​​кои околу 1.000 треба да бидат валидни. Доколку се соберат 16.520 предметни гласови, овој месец ќе се распише референдум меѓу членовите на клубот. Ќе се изгласа недоверба на Бартомеу и неговото раководство. За да биде успешен, две третини од сите 150.000 „сосиос“ мора да гласаат за соборување на претседателот. Ова би било трето гласање за недоверба на претседателот на Барса по оние на Хосеп Луис Нунез во 1998 година и Жоан Лапорта во 2008 година. Во овие два претходни случаи, сепак, не беа собрани потребните 100.000 гласови, а претседателите „преживеаја“.

Тагови

Остани поврзан