• сабота, 24 август 2024

Серхи Роберто потпиша со Комо на две години

Серхи Роберто потпиша со Комо на две години

Комо, 23 август 2024 (МИА) - Шпанскиот играч за врска, Серхи Роберто потпиша двегодишен договор со новајлијата во Серија „А“, Комо, само неколку дена по заминувањето од Барселона, соопшти италијанскиот клуб.

Трансферот го олесни тоа што тренер на Комо е Шпанецот Цеск Фабрегас.

До овој момент, Серхи Роберто играше само за Барселона во текот на неговата кариера, откако беше дел од Каталонците од 14-годишна возраст. 7 пати ја има освоено титулата во Шпанија, а има освоено и две Лиги на шампиони.

До денес, 32-годишниот Серхи Роберто има вкупно 479 натпревари за Барселона во сите натпреварувања, откако беше капитен на тимот.

Тој се пресели во Комо како слободен агент. дс

Фото: Комо

Остани поврзан