• понеделник, 23 декември 2024

Серена Вилијамс со солиден старт на сезоната

Серена Вилијамс со солиден старт на сезоната
Оукланд, 7 јануари 2020 (МИА) - Првата носителка, Серина Вилијамс (САД) се квалификуваше во второто коло на тенискиот турнир во Оукланд (Нов Зеланд) со награден фонд од 275.000 американски долари. Шампионката од 2015 година ја совлада Камила Џорџи (Италија) со 6: 3, 6: 2 во својот прв сингл натпревар, по поразот од Канаѓанката Бјанка Андреску во финалето на УС Опен во септември минатата година. 38-годишната Американка не дозволи брејк и го контролираше натпреварот, кој траеше 68 минути. За пласман во четвртфиналето, Вилијамс ќе се сретне со нејзината сонародничка Кристина МекХејл. Петтата носителка, Каролин Возњацки (Данска), исто така, започна со убедлива победа над учесничката со „вајлд карта“, претставничката на домаќините Пејџ Ауриган со 6:1, 6:0. Возњацки, која најави дека се повлекува од професионалниот тенис на крајот од месецот по Австралија опен во Мелбурн, поведе со 5-0 за само 13 минути, а 178-та во светот Ауриган направи вкупно 30 неизнудени грешки, што се покажа клучно. Данкињата ќе игра против Лорен Дејвис (САД) во второто коло. Уште една Американка Коко Гоф започна со победа од 6:3, 6:1 над Викторија Кузмова (Словачка). 15-годишната Гоф ја чека Германката Лаура Сигмунд, а со уште еден успех може да се сретне со Серина Вилијамс во четвртфиналето. Бранителката на титулата и број 4 во шемата, Јулија Гергес (Германија) ја елиминира квалификантаката Грет Минен (Белгија) со 6:1, 7:6 (4), а нејзина следна противничка ќе биде Џил Тихман од Швајцарија.

Остани поврзан