• понеделник, 23 декември 2024

Седум лица осомничени за вмешаност во убиството на францускиот професор ќе бидат изведени пред антитерористички судија

Седум лица осомничени за вмешаност во убиството на францускиот професор ќе бидат изведени пред антитерористички судија
Париз, 21 октомври 2020 (МИА) - Седум лица,од кои двајца малолетници, осомничени за вмешаност во убиството на професорот по историја во Франција, Самуел Пати, ќе бидат изведени пред антитерористички судија. Се очекува отворање на судска истрага и евентуално нивно обвинување за нивната вмешаност во атентатот, јави дописникот на МИА. Меѓу нив е и Брахим Ц., родител на ученикот кој ја почна мобилизацијата против наставникот по двата часа за слобода на изразување дадени од Самуел Пати на 5 и 6 октомври во неговото училиште во Конфлан-Сант-Онорин (Ивелин) . Антитерористичките истражители, кои бараат евентуално соучесништво, се особено заинтересирани за пораките разменети на ВатСап помеѓу него и напаѓачот, Абдулак Анзоров, 18-годишен бегалец со чеченско потекло. Покрај него ќе се појави и исламистички активист Абделхаким Сефриуи, кој го придружуваше во неговата мобилизација. Исто така, меѓу лицата кои ќе бидат изведен пред судија се и две малолетни лица, кои се осомничени дека добиле пари од напаѓачот во замена за информации за жртвата. Извор близок до предметот, објасни за фрацуските медиуми дека обезглавениот наставник му бил „покажан“ на напаѓачот „од еден или повеќе ученици, а приори во замена за пари“. Меѓу осомничените се и тројца пријатели на напаѓачот, кои спонтано се пријавија во полициската станица Евре во петокот вечерта, исто така тие ќе бидат изведени пред судија. Според извор близок до досието, еден од нив е осомничен дека го придружувал напаѓачот, додека друг е осомничен дека го придружувал при набавка на оружје што било користено за време на неговиот напад. Притворот за другите девет лица, беше укинат во вторникот вечерта, без да бидат гонети во оваа фаза. Меѓу овие лица има тројца ученици, родителите, дедото и малиот брат на убиецот, но и партнерката на Абделхаким Сефриуи, како и еден човек веќе осуден за тероризам и кој бил во контакт со напаѓачот. Околу 17 часот во петокот, Абдулах Анзоров го обезглави Самуел Пати, наставник по историја и географија, во близина на училиштетот каде предаваше во еден мирен кварт во Конфлан-Сант-Онорин, пред да биде убиен од полицијата на 200 метри од местото на атентатот. Овој професор неодамна им покажа карикатури на Мухамед на неговите ученици од 7-мо одделение, како дел од часот за слобода на изразување. тг/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан