• недела, 22 декември 2024

Седум години од катастрофалната поплава во Гази Баба во која загинаа 22 лица

Седум години од катастрофалната поплава во Гази Баба во која загинаа 22 лица

Скопје, 6 август 2023 (МИА) - Денес се навршуваат седум години од катастрофалната поплава која во 2016 година ја зафати општина Гази Баба и во која животот го загубија 22 лица, а материјалната штета беше огромна. Домовите на жителите од Стајковци, Сингелиќ и околните населени места беа целосно уништени.

Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски денеска, по седум години од катастрофалните поплави изрази благодарност до сите оние кои на каков било начин дадоа придонес во справувањето со последиците од поплавата.

-Големата количина на вода за миг однесе и разруши се. Кога навидум се беше безнадежно, се роди новата надеж дека ќе дојде подобро утре. Многу општини и градови од Македонија, многу држави од светот ја покажаа својата солидарност и хуманост кон нашата општината и подадоа рака за помош. Жртвите од поплавата како и солидарноста и хуманоста на илјадници луѓе кои помогнаа во справување со последиците од поплавата не смееме никогаш да ги заборавиме, напиша на својот профил на Фејсбук Стефковски. ев/

ФОТО: Фејсбук Бобан Стефковски 

Остани поврзан