• понеделник, 23 декември 2024

Седумдесет и осум години од крвавата битка кај село Кленоец, Кичевско

Седумдесет и осум години од крвавата битка кај село Кленоец, Кичевско
Кичево, 5 октомври 2021 (МИА) -  Утре ќе биде одбележана 78-годишнината од битката кај Кленоец, Кичевско, што се одиграла на 5 и 6 октомври 1943 година и каде животот го положиле 67 борци и 30 жители од месното население. Битката кај Кленоец ќе остане запаметена како една од најкрвавите епизоди во Македонија во времето на НОВ. -Утре со посета на споменикот кај село Кленоец, ќе биде одбележана 78 годишнината од една од најкрвавите битки што се случиле во земјава во Втората светска војна или т.н.„ Македонска Кадињача“. На утрешното одбележување покрај претставници од Здружението на сојузот на борците од Кичево, букети свежо цвеќе ќе положат и претставници од Здружението на пензионерите на Кичево, месната заедница од село Кленоец и членови на политички партии од градот. Поради превенција од Ковид-19 ќе нема организирање на традиционална културно-уметничка програма, литературно читање, ниту ручек за присутните подготвен од страна на месната заедница од селото,вели Зоран Стефаноски од Здружението на сојузот на борците од Кичево. Имено, во славната битка кај Кленоец животот го загубил и комесарот и Народен херој Јосиф Јосифовски-Свештарот од Гевгелија, од каде претставници на Сојузот на борците изминатите години и децении беа редовно присутни на ова одбележување. Дури од нивна страна беше предложено да биде поставена биста на Свештарот крај споменикот во село Кленоецпосветен на крвавата битка.за/см/

Тагови

Остани поврзан