• недела, 22 декември 2024

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Скопје, 5 јуни 2023 (МИА) - Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. 

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедница се разгледуваат годишните извештаи за 2022 за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, на Агенцијата за администрација, на Агенцијата за заштита на личните податоци, на Инспекцискиот совет, како и Годишниот извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, за период 01.01.2022 година до 31.12.2022 година. ев/са/

 

Остани поврзан