• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

СЕГА, НМСМ и СМР поднесоа Предлог-закон за измени и дополнување на Законот за младинско учество и младински политики

СЕГА, НМСМ и СМР поднесоа Предлог-закон за измени и дополнување на Законот за младинско учество и младински политики

Скопје, 12 март 2025 

Националните мрежи на младински организации Коалиција на младински организации СЕГА и Национален младински совет на Македонија и Сојузот за младинска работа, денес го поднесоа Предлог текст на Закон за измени и дополнувања на Законот за младинско учество и младински политики до пратениците од Клубот за младински прашања и младински политики во Собранието на Р. С. Македонија.

Предлог текстот е креиран врз основа на широк консултативен процес за измени и дополнување на Законот. Во периодот од стапување на сила на Законот, од страна на младинскиот сектор се спроведени четири мониторинг анализи на имплементацијата и индекс за младинско учество
преку кој се опфатени локалните механизми. Дополнително, во текот на изминатата година беа реализирани низа алатки за креирање на сеопфатен пакет на измени и дополнувања на законот вклучувајќи национална анкета, регионални фокус групи, национални конференции и
работилници. Преку овие алатки се овозможи учество на над 1000 млади, 80 младински организации и организации за млади како и претставници од државните институции, единиците на локалната самоуправа, локалните младински совети и младински работници. Како мрежи на младински организации силно веруваме дека со предложените измени на Законот за младинско учество и младински политики значително ќе се подобри примената на механизмите за младинско учество како и младинските сервиси кои Законот ги предвидува. Со предложените измени ќе се зајакне функцијата на службениците за млади, ќе се поедностави процесот за воспоставување на локалните младински совети и националното советодавно тело, и ќе се даде фокус на воспоставување на функционални младински центри.

Како мрежи на младински организации силно веруваме дека со предложените измени на Законот за младинско учество и младински политики значително ќе се подобри примената на механизмите за младинско учество како и младинските сервиси кои Законот ги предвидува. Со предложените измени ќе се зајакне функцијата на службениците за млади, ќе се поедностави процесот за воспоставување на локалните младински совети и националното советодавно тело, и ќе се даде фокус на воспоставување на функционални младински центри.

Ги повикуваме пратениците кои се дел од Клубот за младински прашања и младински политики да отпочнат итна постапка за измени и дополнување на Законот за младинско учество и младински политики, и да обезбедат транспарентен и сеопфатен процес со вклучување на сите засегнати страни во согласност со собраниската пракса. 

Воедно го повикуваме Министерството за социјална политика, демографија и млади, како Министерство во чиј ресор спаѓа спроведувањето на Законот за младинско учество и младински политики, да го поддржи процесот и Нацрт-Законот за измени и дополнување на Законот за младинско учество и младински политики.

 

Национален Младински Совет на Македонија

Коалиција на младински организации СЕГА 

Сојуз за младинска работа 

_______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: НМСМ, СЕГА и СМР

 

Остани поврзан