• понеделник, 23 декември 2024

Северна Македонија влегува во проектите Терминал на течен природен гас Александропулос и Гасна централа Александропулос

Северна Македонија влегува во проектите Терминал на течен природен гас Александропулос и Гасна централа Александропулос
Скопје, 13 март 2021 (МИА) - Потребата од склучување меморандуми за реализација на проектите Терминал на течен природен гас Александропулос и Гасна централа Александропулос, односно за вложување од страна на Северна Македонија во овие меѓународни проекти ја разгледа и усвои Владата вчера на 53. седница. Станува збор за Меморандум за соработка помеѓу „НЕР АД“ Скопје и „Копелозу Груп“ и Меморандум за соработка помеѓу „АД ЕСМ“ и „Гастрејд С.А.“ за закуп на капацитет во ЛНГ Терминалот, како и Меморандум за соработка помеѓу „АД ЕСМ“ и „ДАМКО ЕНЕРЏИ С.А.“ за стекнување на 25 отсто удел во Александрополис Електрисити Продукшн С.А, се наведува во соопштението на владината прес-служба. За сите следни активности за реализацијата на овие проекти задолжени се „НЕР АД“ Скопје и „АД ЕСМ“ редовно да ја информираат Владата на Република Северна Македонија. ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан