• понеделник, 23 декември 2024

СДСМ: Договорот од Преспа овозможи државата да чекори напред

СДСМ: Договорот од Преспа овозможи државата да чекори напред
Скопје, 4 февруари 2020

Разочарувачки е ставот на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ околу Договорот од Преспа и враќање на нашата земја во време на неизвесност за нашата држава, а со тоа и неизвесност на иднината и просперитетот на младите.

Игнорирањето на пораките на сите наши стратешки партнери од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека Договорот од Преспа го откочи патот за Северна Македонија да стане НАТО сојузник и да го продолжи патот кон ЕУ продолжува. А токму, договорот од Преспа не е само решение на децениски проблем туку е и наше членство во НАТО, коешто на нашата држава и обезбедува повисок економски раст, повеќе инвестиции, подобро платени работни места, нови можности и перспективи за младите и најважно заштитен македонски идентитет. Укинувањето на Договорот од Преспа кој го заговара ВМРО-ДПМНЕ, значи укинување на нашите ЕУ перспективи, значи губење на надежта кај многу млади, значи уште поголемо иселување и разделени семејства, но и загрозување на иднината на новите генерации. На младите во нашата земја доста им е од неизвесност и политичари без јасна визија. Нема повторно враќање назад во време на неизвесност и изолација. Младите чекорат напред и затоа на 12 април ќе изберат да ги казнат политичарите кои заговараат укинување и блокирање на европските перспективи. Младите ќе изберат иднина, ќе изберат прав пат и ќе порачаат режим никогаш повеќе! Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан