• сабота, 16 ноември 2024

СДСМ формираше работна група за разговори со ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени

СДСМ формираше работна група за разговори со ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени

Скопје, 9 јуни 2023 (МИА) -  Централниот одбор на СДСМ вечерва донесе одлука за формирање работна група за продолжување на разговорите со ВМРО-ДПМНЕ и сите други парламентарни партии за операционализација на следните конкретни чекори околу уставните измени.

Работната група ќе ја предводи генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ Вардарски 

-ЦО му дава апсолутна поддршка на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и работната група да продолжат со напорите за обезбедување широк консензус за уставните измени, а со тоа и продолжување на европскиот пат на земјата, изјави по седницата на ЦО Богданка Кузеска, портпарол на СДС.

Кузеска информираше дека ЦО оценил  дека е добро што на средбата со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ е воспоставен дијалог во исклучително важен момент, како и дека го поздравуваат првиот чекор што го направил Мицкоски со прифаќањето на уставните измени. ар/лв/

 

Остани поврзан