• среда, 06 ноември 2024

СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за потребата од носење на законот за дополнителна помош за ранливи категории граѓани

СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за потребата од носење на законот за дополнителна помош за ранливи категории граѓани
Скопје, 5 април 2022  ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажаа дека се против интересите на граѓаните, против повеќе пари во семејните буџети. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска на седницата во Собранието гласаат против потребата од носење на измените на Законот за социјална заштита. Со овие предлог измени се предвидува корисниците на гарантирана минимална помош да добиваат дополнителни 1.000 денари финансиска поддршка за полесно справување со последиците од кризата. ВМРО-ДПМНЕ е против финансиска помош на околу 36.000 семејства од ранливите категории. Ништо ново од партијата предводена од Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ се противи на секоја мерка со која се обезбедуваат повеќе пари во буџетите на секое домаќинство, се противи на секоја мерка што значи заштита на животниот стандард на граѓаните. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
______________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан