СДСМ: Позитивен сигнал е што Мицкоски најавува дека ВМРО-ДПМНЕ се откажува од идејата за бојкот на пописот
- Позитивно е што Христијан Мицкоски најавува дека ВМРО-ДПМНЕ се откажува од идејата за бојкот на пописот закажан за април оваа година и СДСМ тоа го поздравува. Очекуваме дека разумот ќе преов
Скопје, 29 јануари 2021
Позитивно е што Христијан Мицкоски најавува дека ВМРО-ДПМНЕ се откажува од идејата за бојкот на пописот закажан за април оваа година и СДСМ тоа го поздравува.
Очекуваме дека разумот ќе преовладее кај сите и дека по цели 19 години Република Северна Македонија ќе спроведе попис без мешање на политиката, солгасно стандардите и праксите на Евростат и Обединетите Нации.
Пописот е важна статистичка операција за прибирање на целосни, точни и релевантни податоци кои се основата за градење на стратегии и политики за натамошен развој на државата, економијата и општеството.
Секоја политичка партија има обврска пред државата и граѓаните да ги поддржи процесите, државата, институциите да добијат точни податоци за структурата на населението и домаќинствата, демографски податоци за општините и регионите а тоа е возможно само со спроведен попис согласно сите меѓунардони стандарди.
Центар за комуникации со јавноста - СДСМ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.