• петок, 22 ноември 2024

СДСМ: Очигледно нон-пејперот е пишуван во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, за да може Апасиев да шири лажни вести по социјалните мрежи

СДСМ: Очигледно нон-пејперот е пишуван во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, за да може Апасиев да шири лажни вести по социјалните мрежи
Скопје, 14 септември 2021 Секогаш кога се наближува изборно соочување со граѓаните, така се зголемува интензитетот на лажни вести, конструкции и измислици од страна на опозицијата. Очигледно е дека фамозниот нон-пејпер е пишуван во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, за да може Димитар Апасиев да шири лажни вести и да се радува на Фејсбук и другите социјални мрежи. Што друго може да се очекува од политички партии кои наместо конкретни мерки и програми, нудат само лажни вести и невистини. Водењето држава и општини е посложено од пишување статуси на Фејсбук и тоа граѓаните одлично го разбираат и затоа одново ќе го казнат нечесното и неодговорно дејствување. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки  

Остани поврзан