• петок, 22 ноември 2024

СДСМ: Нова методологија за историски највисок раст на пензиите, во просек по 900 денари

СДСМ: Нова методологија за историски највисок раст на пензиите, во просек по 900 денари
Скопје, 5 март 2022 Со усвојувањето на новата методологија се обезбедува континуран раст на пензиите во просек по 900 денари, за достоинствен живот на пензинерите. Просечно 900 денари на сметка е рекордно зголемување на пензиите во историјата на Северна Македонија. Дополнително, обезбедуваме и 3.000 денари за финансиска помош за пензионерите. Во наредните три месеци (април, мај и јуни) над 330.000 пензионери, во овој период на криза, ќе добиваат по 1.000 денари месечно. Оваа финансиска помош од дополнителни 3.000 денари е од исклучителна важност за пензионерите во време на проширена енергетска криза. СДСМ како одговорна партија ги исполнува дадените ветувања и го штити стандардот на граѓаните. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан