• недела, 22 декември 2024

СДСМ: Арсовска да одговори, кој и по кој основ му платил на Георгиевски за озвучувањето за новогодишната ноќ

СДСМ: Арсовска да одговори, кој и по кој основ му платил на Георгиевски за озвучувањето за новогодишната ноќ
Скопје, 4 јануари 2022 
Почитувани,
 
Откако Петар Георгиевски - Камиказа призна дека добил 14.000 евра за озвучување на прославата на новогодишната ноќ на плоштадот, на ред е Данела Арсовска да излезе пред граѓаните и да даде одговори.
Кој му платил на Георгиевски за озвучувањето?
По кој основ на фирмата на Георгиевски и биле исплатени 14.000 евра?
Градот Скопје вчера официјално соопшти дека парите се платени директно на изведувачите и дека изведувачите, озвучувањето и осветлувањето не биле ангажирани од градот.
Како е можно друго правно лице да организира дочек на нова Година во име на град Скопје и врз која основа?
Кој може во име на градот да плаќа кон фирми кои биле ангажирани за прославата?
Дали парите на сите учесници се платени во кеш?
Почитувани скопјани,
Ова е скандал кој може да биде основа за корупција.
Особено ако нстапот на Георгиевски претходно бил договорен.
Очигледно дека коалицијата меѓу Левица и ВМРО-ДПМНЕ функционира и на локално ниво и освен што е деструктивна, таа сега прераснува во кеш коалиција меѓу двете партии.
Арсовска да излезе пред граѓаните и да ги даде сите одговори, наместо да се крие зад штури соопштенија од Град Скопје.

Изјава за медиуми на Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје

________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки  

Остани поврзан