• недела, 22 декември 2024

Свештениците на француската Католичка црква сексуално злоупотребиле најмалку 3.000 деца

Свештениците на француската Католичка црква сексуално злоупотребиле најмалку 3.000 деца
Париз, 17 јуни 2020 (МИА) - Најмалку 3.000 деца биле жртви на сексуална злоупотреба во француската Католичка црква од 1950 година, соопшти посебна комисија, при тоа нагласувајќи оти можно е реалниот број да биде многу поголем. Претседателот на Комисијата, Жан-Марк Саув, изјава дека прелиминарните бројки сугерираат дека околу 1.500 свештеници и други црковни службеници сексуално злоупотребиле деца. Комисијата беше формирана минатиот јуни на барање на француските владици по серија случаи на педофилија што ја потресе Црквата во Франција и во странство. На линија за жртви беа пријавени 5.300 повици во текот на изминатата година, изјави Саув преку видео-конференција. Бројот на проценети жртви претставува повеќе од 40 случаи годишно во просек во последните седум децении. - Длабоко сум убеден дека има многу повеќе жртви, рече Саув. Повикот за сведоци е продолжен до 31 октомври и истрагата на црковните архиви продолжи откако беше суспендирана за време пандемијата со новиот коронавирус. Комисијата предводена од Саув, висок државен службеник, вклучува правни експерти, доктори, историчари, социолози и теолози. ми/

Остани поврзан