Сајкоски: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ речиси ги имаат реализирано своите предизборни ветувања
- СООПШТЕНИЕ - На вечерашниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ зборува’’, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски говореше за времето поминато во опозиција, но се осврна и на сите моменти кои што, како што рече тој, ја прават партијата посилна.
Скопје, 27 ноември 2024
На вечерашниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ зборува’’, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски говореше за времето поминато во опозиција, но се осврна и на сите моменти кои што, како што рече тој, ја прават партијата посилна.
Сајкоски истакна дека секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција, партијата е под страшен прогон од власта.
„Во овие 30 години ВМРО-ДПМНЕ кога е во опозиција е под страшен напад на власта. СДСМ како власт, направи еден невиден прогон дотогаш, имаше судски измислени случаи. Имаше напад врз наши високи функционери, имаше покани за обвинителство или тогашното СЈО, на преку 5-6 илјади луѓе. Луѓето навистина беа обесхрабрени и делумно уплашени. Тешко ни приоѓаа. Требаше да се направи голем исчекор за да може да се врати довербата. Првиот исчекор беше направен во 2020 година, навистина освоивме голем број на пратеници’’, нагласи Сајкоски.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ, од позиција на опозиција, на последните локални избори освоиле 42-43 градоначалници, со што ја добиле довербата на граѓаните.
Сајкоски ја пофали работата на градоначалниците и напомена дека тие скоро ја имаат исполнето нивната предизборна програма, иако скоро три години немале никаква поддршка од централната власт.
„Тие успеаја да реализираат огромен број на проекти. Со скромни средства, со уништени буџети, реализираа огромни проекти. Можам да констатирам, од она што разговарав со нив, дека голем дел на градоначалниците ја имаат веќе реализирано програмата што ја ветиле пред граѓаните. Имаат реализирано и дополнителни проекти кои што не ги ветиле пред граѓаните, но до локалните избори, градоначалниците ќе си ја реализираат комплетно програмата и она што го ветиле. Што е голема работа да ветиш пред граѓаните и се што си ветил да го исполниш’’, заклучи Сајкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ