• сабота, 23 ноември 2024

Сарамандов: Гевгелија покажа дека сака промени, излезете и гласајте масовно во вториот круг

Сарамандов: Гевгелија покажа дека сака промени, излезете и гласајте масовно во вториот круг
Гевгелија, 20 октомври 2021 (МИА) - Благодарност до гевгеличани и до сите кои го дадоа својот глас за него изрази во своето обраќање по првиот круг од Локалните избори, Андон Сарамандов, кандидат за градоначалник на општина Гевгелија и за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. - Вие сте светлината која ќе ја разбие темнината. Благодарност на сите кои гласаа и на тие кои не гласаа. Се надевам на нивниот глас во вториот круг. Победивме и покажавме дека Гевгелија сака промени, рече Сарамандов и ги повика гевгеличани масовно да излезат на гласање во вториот круг. Заради заокружување на процесот повика на излезност од граѓаните. Ги повика да изберат промени, а потоа со многу работа, како што нагласи, да ја направиме општина Гевгелија поубаво место за живеење. - Гарантирам многу работа, посветеност, отчетност и реализирани проекти, вети Сарамандов. им/мс/

Остани поврзан