• понеделник, 23 декември 2024

Санчез: Обвинувањата поврзани за Хуан Карлос се вознемирувачки

Санчез: Обвинувањата поврзани за Хуан Карлос се вознемирувачки
Мадрид, 8 јули 2020 (МИА) - Шпанскиот премиер Педро Санчез ги опиша денеска обвиненијата за корупција во врска со поранешниот крал Хуан Карлос како вознемирувачки, откако неколку медиуми објавија детали кои се однесуваат на истрагата за наводни финансиски средства кои ги добивал при постигнување на железничкиот договор. - Постојат загрижувачки наводи кои ги вознемируваат сите, вклучувајќи ме и мене, истакна Санчез на заедничка прес-конференција со италијанскиот колега Џузепе Конте. Врховниот суд во Шпанија минатиот месец покрена истрага за вмешаност на Хуан Карлос во постигнување брз договор за железницата со Саудиска Арабија, откако швајцарскиот весник „Трибун де Женев“ информирал дека тој од починатиот саудиски крал добил 100 милиони долари. Преку својот адвокат, шпанскиот крал Хуан Карлос (82) повеќе пати одбил да ги коментира медиумските наводи. Шпанските кралеви имаат имунитет во текот на своето владеење, но Хуан Карлос абдицира во 2014 година во корист на својот син Фелипе, со што е овозможено тој да биде кривично гонет. гт/

Остани поврзан