• недела, 17 ноември 2024

Санкционирани 80 возачи на мотоцикли во Скопје

Санкционирани 80 возачи на мотоцикли во Скопје
Скопје, 4 јуни 2022 (МИА) - Полицијата денеска, за време на зајакнатата акциска контрола во Скопје која се одвиваше од 10.00 до 18.00 часот, санкционирани 80 возачи на мотоцикли. Од нив, како што соопшти МВР, 45 не користеле заштитна кацига, 25 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци. -Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелира МВР. мч/мд/

Остани поврзан