Санкционирани 73 возачи за брзо возење на автопатот Куманово - Скопје - Велес
- Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина погол
Скопје, 13 ноември 2021 (МИА) - Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 73 возачи.
- Од вкупниот број санкционирани возачи, 16 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со над 70 километри на час повеќе од дозволеното, информира Министерството за внатрешни работи.
Од МВР соопштија дека засилените акциски контроли продолжуваат и во текот на наредните денови и апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила со цел побезбеден сообраќај. ки/сп/