• петок, 22 ноември 2024

Санкции за 78 возачи во Драчево, 18 за брзо возење

Санкции за 78 возачи во Драчево, 18 за брзо возење
Скопје, 17 март 2021 (МИА) - Од 10:00 до 16:00 часот денеска полициски службеници од ОБПС Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во областа на сообраќајот во населба Драчево во Скопје, соопштија од МВР. - Санкционирани се 78 возачи, од кои 18 возеле побрзо од дозволеното, деветмина возеле без возачка дозвола, тројца возачи управувале нерегистрирано возило, а еден возел под дејство на алкохол. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштија од МВР. оџ/дма/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан