• среда, 25 декември 2024

Санација на улиците и обнова на сообраќајната сигнализација на неколку улици во Ѓорче Петров

Санација на улиците и обнова на сообраќајната сигнализација на неколку улици во Ѓорче Петров
Скопје, 17 мај 2022 (МИА) -  Екипи на ЈП „Улици и патишта“ Скопје, денеска во Општина Ѓорче Петров ги санираа оштетувањата на улиците „Волковска“, „Лепенец“ и „Лука Геров“ во површина од 70 метри квадратни, како и оштетените бехатон плочи на пешачките патеки на улицата „Лука Геров“ во површина од 10 метри квадратни. - На семафоризираните крстосници во Општина Ѓорче Петров заменети се оштетените сенила на семафорите, и тоа на крстосниците на улица „Ѓорче Петров“ со улица „Македонски Војски“, улица „Сремски Фронт“ и на крстосницата со улица „Атанас Иљоски“, се наведува во соопштението од ЈП „Улици и патишта“ Скопје. Оттаму посочуваат дека во текот на изминатата ноќ обележани се такси станиците на булеварот „Партизански Одреди“ и на улица „Радушка“, а денеска во текот на вечерните часови екипите ќе продолжат со машинското обележување на надолжните линии на улица „Ѓорче Петров“.сх/

Остани поврзан